Википедија:Програма „ГЛАМ“/2024

Од Википедија — слободната енциклопедија
ПРОГРАМА ГЛАМ
 

на Викимедија МКД

 

Програмата ГЛАМ има за цел да се воспостави активна соработка со ГЛАМ институции во Македонија, преку испраќање на Википедијанци во одредена институција. Ова овозможува едукација на вработените во ГЛАМ за проектите на Викимедија; едукација на вработените во ГЛАМ да додаваат референци во статии, и создавање нови статии или подобрување на постоечките бидејќи вработените во ГЛАМ секторот се високообразовани професионалци. Воедно, се овозможува овие институции да бидат поотворени за јавноста, да ја разберат потребата од дигитализација, како и потребата од споделување на знаењето, документите, историските фотографии и материјали со пошироката јавност.

Тема за 2024 година се климатските промени. Од 2 април 2024 година, во соработка со Управата за хидрометеоролошки работи, за каде договорени се неколку матични Википедијанци.

Проект „Матичен Википедијанец“[уреди извор]

Матичен Википедијанец е уредник на Википедија, Википедијанец (или Викимедијанец), кој прифаќа сместување во институција, обично уметничка галерија, библиотека, архива, музеј, културна институција или институт на високото образование (како што е универзитетот) за да ги олесни записите на Википедија поврзани со мисијата на таа институција, да ја охрабри и помогне да објавува материјали под отворени лиценци и да ја развие врската помеѓу институцијата домаќин и заедницата на Викимедија. Матичниот Википедијанец генерално помага да се координираат настани поврзани со Википедија помеѓу ГЛАМ („галерии, библиотеки, архиви и музеи“) и општата јавност, како што се уредувачките натпревари.

Управата за хидрометеоролошки работи[уреди извор]

Соработката со Управата е заппочната од 2 април 2024 година.

Резултати[уреди извор]

  1. SirGoldenBlade
  2. Lili Arsova
  3. MacedonianBoy

Институт за македонска книжевност[уреди извор]

Соработката со Институтот е започната во 2023 година, од страна на ГЛАМ Македонија.

Резултати[уреди извор]

  1. Natasa Stardelova

Поврзано[уреди извор]